More

    Денеска нафтата се продава 86,5 денари за литар, во чиј џеб завршува разликата, прашуваат од СДСМ

    spot_img

    14 и пол милиони литри дизел гориво ЈСП ќе набавува по цена од 100 денари за литар плус 18 отсто ДДВ, односно за 118 денари за литар. Каде завршува разликата од реалната цена и цената утврдена во Договорот која е далеку повисока?, праша денеска на прес-конференција на СДСМ, Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје.

    – Ова е документ, дел од склучениот договор за гориво за потребите на ЈСП. 14 и пол милиони литри дизел гориво ЈСП ќе набавува по цена од 100 денари за литар плус 18 отсто ДДВ, односно за 118 денари за литар. Вредноста на договорот е 1,71 милијарда денари со ДДВ или скоро 30 милиони евра. Цената на дизел горивото, денеска изнесува 86,5 денари за литар, а дневната потрошувачка на гориво на ЈСП е помеѓу 25 и 28 тони. ЈСП дневно прави загуби од 1.000.000 денари или месечно околу 500.000 евра. Ова е класичен пример како се испумпуваат пари од граѓаните и пример како Јавното претпријатие влегува во загуба – вели Шутаров.

    Според советникот, одговорност за овој класичен пример на расипничко трошење на народните пари треба да понесе Управниот одбор, чии членови се главно активисти и членови на ВМРО-ДПМНЕ.

    – Со вакво неодговорно, расипничко раководење ЈСП е во колапс, а Градот влегува во банкрот. ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка Данела Арсовска му приредуваат нова катастрофа на Град Скопје. Со денови јавниот превоз е во колапс, а граѓаните не можат навремено да ги завршат своите обврски. Наместо да понудат решенија ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска кои ја имаат власта во Град Скопје меѓусебно се препукуваат за рацете во медот, додека проблемите на граѓаните ги игнорираат. ВМРО-ДПМНЕ е најголемата непогода што му се случува на Град Скопје – рече советникот од редовите на СДСМ во Град Скопје.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img