More

    ДЕМАНТ на ЈП Градски Пазар: На објавена информација од страна на Порталот ТВМ под наслов: ,,Работи ли домаќински ЈП Градски Пазар ,,?

    spot_img
    Ја информираме јавноста дека строго ги демантираме изнесените наводи во овој текст и Ве информирме дека истите се неточни како и крајно тенденциозни со цел да се наруши угледот на Јавното претпријатие Градски Пазар како и на Директорот Александар Попоски .
    Имено,во врска со иформацијата која се однесува на порталот СОС Балканмедиа , цитираме: ,,само за три месеци, односно за последниот квартал од 2022 на СОС Балканмедиа му се исплатени фантастични 141 000 ден. или близу 2500 евра,, ја демантираме информацијата и Ве информираме дека е направена техничка грешка во наведувањето на тромесечниот износ во делот од табеларниот приказ за вкупна сума на примени фактури за период од 01.10.2022 до 31.12.2022 и во делот од табеларниот приказ за исплатени средства за период од 01.10.2022 до 31.12.2022 за порталот СОС Балканмедиа. Месечниот износ на сумата на договорот е наведена во делот од табелата Вкупна сума на договорот/анексот,што јасно укажува дека се работи за техничка грешка и дека е пресметана сума на примени фактури и исплатени средства на Порталот СОС Балканмедиа за дванаесет месеци и тоа од 01.01.2022-31.12.2022 година, што не е случај со порталот ТВМ каде што се дадени податоци за тромесечниот период за кој беа побарани информации од истиот портал.
    За направената техничка грешка уредничката на порталот беше навремено телефонски известена, но и покрај тоа Порталот ги објави неточните информации.
    До редакцијата на Порталот ТВ Мики е испратен е маил во кој се наведени точни информации за вкупната сума на примени фактури и исплатени износи на медиуми за период од 01.10.2022 – 31.12.2022 и како Јавно Претпријатие сме отврени за соработка и увид во сметководствената евиденција во секое време.
    Со оглед на наведеното, бараме овој демант да биде објавен од страна на Порталот ТВМ соодветно и на начин како што е објавена реакцијата на ЈП Градски Пазар Охрид.
    Во прилог на демантов е табелата која што беше објавена од страна на ТВМ и покрај укажувањето од Наша страна дека се работи за грешка.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img