More

    Двејн Џонсон не се враќа во култниот филм

    spot_img

    Двејн Џонсон не се враќа во последниот филм „Брзи и бесни“, за кој се најавени уште два филма од серијалот по навестувањето на Вин Дизел дека можеби повторно ќе ги здружат силите.

    Тие двајцата имаат медиумски „добро документирана тензија“ што почна додека го снимаа 8 дел – „Судбината на бесните“ од 2017 година и којашто „го исфрли“ Лук Хобс (Џонсон) од главната приказна.

    – Изминатиов јуни, кога јас и Вин всушност не разговаравме преку социјалните мрежи, му кажав директно, и приватно – дека нема да се вратам во серијалот. Бев јасен, но срдечен со моите зборови и реков дека секогаш ќе ѝ бидам поддршка на актерската екипа и секогаш навивам за франшизата да биде успешна, но нема шанси да се вратам – изјави Двејн.

    Tој не пропушти да додаде дека најавата на Дизел е „пример за уште една негова манипулација“, изразувајќи им поддршка на другите глумци и чинители.

    – Не ми се допадна тоа што (Вин Дизел, б.п.) ги донесе своите деца на снимањето, исто како и смртта на Пол Вокер. Остави ги тие работи надвор од сѐ тоа. Зборувавме пред неколку месеци за ова и дојдовме до јасно разбирање. Целта ми беше – моето неверојатно патување со оваа неверојатна франшиза „Брзи и бесни“ да го завршам благодарно и благородно! – нагласи 49-годишниот Двејн.

    Џонсон се приклучи на серијалот „Брзи и бесни“ како агентот Хобс во филмот „Брзите пет“ од 2011 година, којшто беше објавен 10 години по првиот дел.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img