More

    Два големи пожари во Русија: Пазарот и железничката станица

    spot_img

    Во Русија во текот на денот избувнаа два големи пожари. Првиот на железничката станица во Нижни Новгород, а вториот на пазарот Викалина во Владикавказ.

    Пожарот зафатил површина од 2.500 метри квадратни во Нижни Новгород, а руските медиуми наведуваат дека се запалил тенк во кој имало разредувач. Во гаснењето на пожарот учествувале 55 пожарникари.

    Пожарот во Владикавказ бил уште поголем. Министерството за вонредни состојби соопшти дека горат дури 4.500 метри квадратни, а Тасс јави дека пожарот зафатил три хангари во кои се чувала облека. Повеќе од 50 пожарникари го гаснат пожарот, а пожарот во моментов е локализиран. Две лица се повредени, а тамошното Министерство за здравство соопшти дека им е укажана помош.

    Не е познато дали пожарите се поврзани со војната во Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img