More

    Данска воведува нов закон -„Генерација без никотин 2010 +“

    spot_img

    Според владиниот предлог, како дел од здравствената реформа претставена во Копенхаген од министерот за здравство Магнус Хеунике, оваа одлука би можела да опфати забрана за продажба на тутун и никотински производи на таа генерација.

    „Генерација без никотин 2010 +“ ќе биде историска пресвртница во превенцијата од болести и смрт, објави Министерството.

    Овој предлог за здравствена реформа е одамна задоцнет, па затоа е исклучително сеопфатен. Премиерот Мета Фредриксен исто така предложи да се зголеми старосната граница за продажба на алкохол на 18 години.

    Во моментов во Данска пиво можат да купат луѓе постари од 16 години, а пијалоци со поголем процент на алкохол може да се купат доколку имаат 18 години.

    Владата во предлогот посочи дека младите во Данска се водечки по конзумација на алкохол во Европа и дека културата на прекумерно пиење со себе носи сериозни последици.

    За предлозите ќе се расправа во парламентот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img