More

    Данела Арсовска го шутна директорот на МКЦ – тој се жали дека бил уценуван и малтретиран

    spot_img

    Скопската градоначалничка Данела Арсовска денеска го разрешила в.д. директорот на Младински културен центар (МКЦ), Ванчо Богоев, кој на директорската фотелја седна во јануари минатата година, поточно тој го добива мандатот веднаш откако таа стапи на функцијата.

    Информациите на „Фокус“ ги потврдил сега веќе поранешниот директор на МКЦ, Богоев, кој вели дека поминал цела голгота, посебно последната недела.

    – Денеска ме викнаа да ми го врачат решението за разрешување од функцијата  без никакво посебно образложение, освен што е наведено дека заклучно со утре изминуваат шест месеци. Како тоа сега им пречам како директор и не ми го продолжија мандатот, кога претходно без никаков проблем ми ги продолжуваше мандатот?! Или, причина за тоа е што се спротиставив и не играм по нивно? – вели Богоев во изјава за „Фокус“.

    Тој додава дека главните проблеми почнале откако тој се побунил дека буџетот на МКЦ за само една година изнесува 2 милиони денари, што е срамно.

    – Генералниот секретар на Арсовска, Зоран Глигоров, цела недела ми се закануваше со разрешување, ме уценуваше и ме малтретираше. Што очекуваат да се направи само со 2 милиони денари буџет за целата програма на Младинскиот културен центар? Од тука почнаа несогласувањата. Јас работам 36 години во оваа институција. Истата таа градоначалничка која на 13 ноември лично на мене ми ја додели 13-ноемвриската награда, за два месеци ме разрешува – додава Богоев.

    Досегашниот директор тврди дека не е член на ниту една политичка партија, но додава дека нема да ги остави вака работите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img