More

    Гути: Рамос згреши кога го напушти Реал

    spot_img

    Серхио Рамос згреши кога го напушти Реал Мадрид и отиде во Пари Сен Жермен и тој го знае тоа, изјави поранешниот играч за врска на Мадрид, Хозе Марија Гутиерез, попознат како Гути.

    „Рамос знае дека направи грешка при преговорите со Реал за нов договор. Мислеше дека Флорентино Перез со оглед на кариерата и се што направил ќе му ги исполни сите желби. Сепак, тој не сфати дека претседателот на клубот е пред се. Во принцип, кога ќе се достигнат одредени години, на Реал му се продолжуваат договорите на само една година. Серхио не го сакаше тоа. Тој е вистинска легенда на клубот и веројатно имал право така да се однесува, но Перез тоа не го сметал за правилно. Серхио можеше да ја заврши кариерата во Реал, но сепак не ја прифати понудата. За жал, тој излезе на задната врата“, додаде Гути за „Ел Цирингито“.

    Дефанзивецот и долгогодишен капитен на Реал, минатата година го напушти клубот како слободен играч, бидејќи го посакуваше Пари Сен Жермен. Но, поради бројните повреди тој не играше во таборот на популарните „светци“. Тој има потпишан договор до летото 2023 година.

    Во дресот на Реал Мадрид, Серхио Рамос има одиграно 469 натпревари и постигнато 72 гола во 16 сезони откако пристигна од Севиља во 2005 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img