More

    Гутереш го поздрави договорот за житото меѓу Украина, Русија и Турција

    spot_img

    Русија и Украина денеска потпишаа договор поддржан од Обединетите нации, кој треба да овозможи извоз на милиони тони жито од блокираните пристаништа на Црното Море. Со договорот треба да се избегне заканата од катастрофална глобална криза со храна.

    Пред потпишувањето на договорот генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш одржа краток говор.

    – Овој договор ќе овозможи извоз на жито од Украина, а ОН ќе работат на обезбедување на неговиот успех. Денеска се појави светлина на надеж на Црното Море. Светло на олеснување за светот потребно повеќе од кога било – истакна Гутереш.

    Тој додаде дека договорот ќе ги стабилизира глобалните цени на храната – рече Гутереш.

    – Им благодарам на Русија и Украина што ги надминаа сите разлики и ги оставија настрана нивните несогласувања, со цел да се отвори патот за иницијатива, која ќе им служи на заедничките интереси на целиот свет – посочи Гутереш, додавајќи дека „фокусот беше на она што е најважно за светот“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img