More

    Грчкиот министер за одбрана говори за Преспанскиот договор

    spot_img

    Министерот за одбрана на Грција, Никос Панајотопулос смета дека „безусловното доделување на македонски идентитет и македонски јазик на соседите, беше мега грешка“, но сепак истакнува дека Договорот од Преспа не може да се ревидира и односите меѓу двете земји треба да се развиваат, јави дописничката на МИА од Атина.

    За време на посетата на Лерин, заедно со членови на неговата партија Нова демократија, Панајотопулос одржа прес-конференција и меѓу другото, детално одговори на прашањето за односите со Северна Македонија, како и за Договорот од Преспа.

    Тој потсети дека лично бил меѓу оние кои „многу гласно во Парламентот говореа против Договорот од Преспа“ и посочи дека останува на неговото мислење дека документот има сериозни проблеми.

    – Мега грешка беше безусловното доделување на македонски идентитет и македонски јазик на соседите, нешто што во овој момент создава проблеми на интегративната перспектива на Северна Македонија со приговорите искажани од соседите, Бугарите, кои секогаш поддржуваа дека не постои македонски јазик, туку говориме за словенски дијалект, локален идиом, рече министерот за одбрана на Грција.

    Сепак, тој објасни дека „како што е случај и во трговијата, по оддалечувањето од касата, никаква грешка нема да се признае, така и еден меѓународен договор е многу тешко да се ревидира особено кога се поврзува со влез во НАТО“.

    Панајотопулос додаде дека „е многу тешко да се смени и еден договор за закуп на трафика, ако веќе е потпишан, а не пак меѓународен договор“.

    Говорејќи за односите меѓу двете земји тој рече дека има остварено средби и со претходната и со сегашната министерка за одбрана на Северна Македонија.

    – Последната моја средба беше на Делфи форумот, со новата министерка за одбрана на Северна Македонија Славјанка Петровска. Факт е дека како земја сојузник во НАТО, посакуваат да постои тесна одбранбена соработка. Мислам дека ова не е нешто лошо, напротив е корисно за меѓународните односи на земјава и за промоција и влијание на одбранбената дипломатија и на вооружените сили, рече Панајотопулос.

    Тој го спомена и надзорот на воздушниот простор на Албанија и Северна Македонија од грчките воени авиони, објаснувајќи дека ако не го стореше тоа Грција, ќе го стореа Бугарија или Турција.

    – Некои се прашуваат дали тоа е добар потег, а јас ќе ви го кажам следното. Ако не го сторевме тоа ние, ако не побрзавме да ја преземеме оваа мисија, тоа ќе го стореа Бугарите, кои сега ги градат своите воздухопловни сили со нови набавки на борбени авиони, истакна министерот за одбрана на Грција и додаде дека ако не можеа Бугарите, бидејќи немаа доволно воени воздушни средства, „секако ќе побрзаа Турците“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img