More

    ГРОМ донесе одлука со која се раскинува коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ

    spot_img

    Граѓанска Опција за Македонија – ГРОМ соопшти дека на вчерашната седница на Централниот Одбор, партијата донесе одлука со која се раскинува коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ.

    – Вчера (13.06.2022) се одржа седница на Централниот Одбор на ГРОМ. Членовите на ЦО одлучуваа по неколку важни точки кој беа на дневен ред, а се однесуваа на дејствувањето и позиционирањето на ГРОМ на политичката сцена како и идните чекори на партијата и избор на раководни тела на партијата. Точка за одлучување од круцијално значење на Централниот Одбор беше напуштање на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, по исцрпната дебата, Централниот одбор донесе одлука за раскинување на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ – се вели во соопштението.

    Оттаму додаваа дека како насока за идно дејствување на ГРОМ се донесе заклучок дека ќе продолжат да дејствуваат опозициски и ќе се подготвуваат за самостоен настап на следните парламентарни избори.

    Во работниот дел на седницата на Централниот Одбор на Граѓанска Опција за Македонија – ГРОМ беа донесени одлуки за комплетирање на работните тела и раководните органи на паријата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img