More

    Гранатиратирано пристаништето Одеса

    spot_img

    Украина го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека ги „плукна в лице“ Обединетите нации и Турција со гранатирањето на Одеса и најави дека Москва ќе сноси „целосна одговорност“ за неуспехот на Договорот за извоз на жито потпишан вчера во Истанбул.

    – Со истрелување проектили врз пристаништето Одеса, Путин им плукна во лице на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш и на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кои вложија огромни напори да го постигнат овој Договор – изјави портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи Олег Николенко.

    Украинската армија денеска соопшти дека руски ракети погодиле инфраструктура во украинското пристаниште Одеса.

    Нападот се случи еден ден откако Русија и Украина потпишаа Договор за повторно отворање на пристаништата на Црно Море и продолжување на извозот на жито.

    – Непријателот го нападна морското трговско пристаниште Одеса со крстосувачки ракети. Силите за воздушна одбрана соборија два проектила, а два ја погодија инфраструктурата на пристаништето – објави на Телеграм украинската Оперативната команда Југ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img