More

    Градот Скопје денеска ја поднесе најавената кривична пријава против цементарницата „Титан Усје“

    spot_img

    Градот Скопје денеска ја поднесе најавената кривична пријава против цементарницата „Титан Усје“ во која одговорност освен од правното, се бара и од одговорното лице – Борис Хрисафов, кој како надлежен за спроведување на обврските кои произлегуваат од А интегрираната дозвола која ја издава Министерството за животна средина и просторно планирање, не се придржувал кон истите обврски за максимално дозволените граници на испуштање на штетни гасови во амбиенталниот воздух.

    – Имено, цементарницата „Титан Усје“ испуштала значително поголема концентрација на ПМ10 честици од котлите за загревање кои работеле на мазут, наместо на природен гас, при мерењата извршени на 3 и 4 јануари. Односно, наместо дозволениот максимум од 50 микрограми/м3, од оџакот се испуштале 121 микрограми/м3 секој час. Исто така, забележано е зголемување на испустот на азотни оксиди за најмалку два пати, односно наместо дозволените 350 мг/м3, се испуштале 711 мг/м3 секој час – се вели во соопштението од Град Скопје.

    Како што велат од Градот производниот процес на цементарницата „Титан Усје“ е непрекинат и се одвива секој час од секој ден во текот на годината.

    – Поради овие дејствија, против цементарница „Титан Усје“ и одговорното лице Борис Хрисафов, на иницијатива на градоначалничката на градот Скопје Данела Арсовска, денес се поднесе кривична пријава согласно членот 234 од Кривичниот законик „Тешки дела против животната средина и природа“ во врска со член 218 од истиот закон насловен како „Загадување на животната средина и природа“.  За овие дела е предвидена затворска казна – стои од соопштението.

    Оттаму апелираат до Основното Јавно Обвинителство во Скопје, темелно да ги истражи наводите и да постапи по истата соодветно.

    – Граѓаните на градот Скопје недозволиво е да бидат жртви на профитите на неколкумина кои со децении не трујат, и кои не смеат да бидат амнестирани од одговорноста за загадувањето на животната средина од кое илјадници граѓани страдаат од бројни заболувања – велат од Градот.

    Вчера пак од Државниот иснпекторат за животна средина информираа дека цементарницата „Усје“ почнала со користење природен гас (наместо мазут н.з.) како гориво во двата котли за парно греење со моќност од 4,2 мегавати во котларата за загревање на фабриката. Согласно А-интегрираната еколошка дозвола што ја има добиено, фабриката извела соодветен приклучок за мерење на емисиите на штетни гасови со акредитирана метода и од вчера почнала со мерење на емисијата на гасови од оџакот на парниот котел со акредитирана лабораторија за животна средина

    Од Инспекторатот претходно соопштија дека доколку се утврди оти Цементарницата „Усје“ не постапува согласно решението од Инспекторатот, од ДИЖС ќе поднесат барање за поведување на прекршочна, односно кривична постапка пред надлежните органи и ќе отпочнат постапка за одземање на добиените дозволи и овластувања на фабриката

    – Цементарницата „Усје“ ги исполнила задолженијата што и ги постави Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) во врска со емисијата на штетни гасови од двата котли за греење во цементарницата – соопштија од Инспекторатот по контролниот инспекциски надзор извршен вчера.

    Имено, по спроведените мерења на емисија на гасови во Цементарницата „Титан – Усје“ во Кисела Вода на 3 и 4 јануари, кои покажеле трипати поголеми количини на гасови од дозволеното, ДИЖС на 12 јануари донесе решение со кое на фабриката ѝ определи задолженија што треба да ги исполни во рок од пет дена поради утврдените недостатоци.

    Како што се наведува во соопштението на Инспекторатот објавено на Фејсбук, цементарницата „Усје“ почнала со користење природен гас (наместо мазут н.з.) како гориво во двата котли за парно греење со моќност од 4,2 мегавати во котларата за загревање на фабриката.

    Согласно А-интегрираната еколошка дозвола што ја има добиено, фабриката извела соодветен приклучок за мерење на емисиите на штетни гасови со акредитирана метода и од денеска почнала со мерење на емисијата на гасови од оџакот на парниот котел со акредитирана лабораторија за животна средина.

    – Правниот субјект на ден 17.01.2023 година започна со вршење мерења на сите емисиони точки од производните процеси со акредитирана лабораторија за животна средина – се наведува во соопштението од инспекцискиот надзор.

    Од ДИЖС информираат оти утврдиле дека една од двете печки, конкретно печката број 4 во саботата престанала со редовна работа и ќе биде на ремонт, кој ќе трае 45 дена, а потоа ремонт кој ќе трае исто така 45 ќе се прави и на печката број 3.

    За ова, како што се наведува, Државниот инспекторат бил писмено известен.

    – Поради кратки сервисни активности печката бр.3 била сопрена на ден 22.12.2022 година, а повторно пуштена во работа на ден 23.12.2022 година (писмено известен ДИЖС). Вонредниот инспекциски надзор на ден 30.12.2023 година беше ненајавен, а во период 3-4.1.2023 година како што претходно извести ДИЖС извршено е мерење на ПМ10 во кругот на горенаведениот субјект со акредитирана лабораторија за животна средина – наведуваат од Инспекторатот.

    Оттаму информираат дека Цементарницата „Усје“ А-дозволата за усогласување со оперативен план ја поседуваше од 2011 година, а нејзина измена била направена во 2013 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img