More

    Градоначалникот на Мариупол: Градот се уште се држи

    spot_img

    Во четвртокот наутро, градоначалникот на опколениот Мариупол, Вадим Бојченко, изјави дека градот се уште се бори и дека ќе остане украински.

    Бојченко ги нарече лажни вести руските извештаи за освојувањето на градското пристаниште и предавањето на повеќе од илјада украински борци, пренесува dpa.
    Тој град на брегот на Азовското Море сè уште го бранат припадниците на Азовскиот баталјон и морнарицата, рече Бојченко, кој е надвор од градот.

    Мариупол со недели е под опсада на руските сили. Поголемиот дел од градот е уништен, а условите за живот на преостанатите граѓани се катастрофални.

    Русите продолжија да ги бомбардираат Харков, Доњецк и Запорожје во текот на ноќта, соопшти во четвртокот наутро украинската армија.

    Украина очекува нова голема руска офанзива на истокот на земјата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img