More

    ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КИРИЛ ПЕЦАКОВ УЧЕСНИК НА 9. ДРИМСКА КОНФЕРЕНЦИЈА

    spot_img

    Деновиве во Тирана, Република Албанија се одржа деветтата годишна дримска конференција. На конференцијата активно учество зеде и градоначалникот Кирил Пецаков.

    – Програмата е од исклучително значење за обезбедување на одржливо управување со сливот на Охридското езеро како и обезбедување на поглема прекугранична соработка во насока на заштитата и зачувување на овој уникатен природен басен. Се радувам што веќе сериозно имаме започнато да работиме на подобрување на капацитетот на сите засегнати страни за ефективно спроведување на активностите и носолодирање на институционалните, политичките и правните рамки за решавање на прекуграничните прашања, истакна градоначалникот во своето обраќање.

    Конференцијата се организирна во рамките на Дримската Координирана акција (CORDA) за имплементација на Меморандумот за разбирање за Дрим (MoU) и поддржувачкиот проект на ГЕФ/УНДП: “Овозможување на прекугранична соработка и интегрирано управување со водните ресурси во проширениот басен на Дрим” (Drin Project ).

    На 9-тата Дримска Конференција учество земаа претставници на надлежните институции во Дримскиот Басен од Македонија, Албанија, Црна Гора, Косово, како и претставници од меѓународните организации и донатори, кои дискутираа за тековните и планираните активности и ги презентираа своите видувања за сегашната и идна соработка за управување со Дримскиот Басен.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img