More

    „Голф“ со кумановски регистрерски таблички паднал во реката Вардар, а спасувачките екипи го бараат возачот и евентуалните патници ако имало во него

    spot_img

    „Голф“ со кумановски регистрерски таблички паднал во реката Вардар, а спасувачките екипи го бараат возачот и евентуалните патници ако имало во него.

    Случајот е пријавен преку бројот за итни повици 112 во 12:05 часот.

    Возилото, движејќи се на патниот правец село Желино кон Тетово, паднало од мостот во надојдените води на реката Вардар.

    Поради брзината, длабочината и заматеноста на водата, возилото во еден дел од речното корито било носено по течението, но за кратко време пропаднало во природен јаз и не се гледало.

    МВР веднаш испратило нуркачки екипи, а Дирекцијата за заштита и спасување пратила сопствени екипи за спасување од поплави кои се со седиште во Велес.

    Возилотото е извлечено со помош на градежни машини и во него немало патници. Не се знае што се случило со возачот и со другите патници во возилото ако воопшто ги имало.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img