More

    Голем интерес за протестот на ВМРО-ДПМНЕ

    spot_img

    Во моментов се вршат последните подготовки пред саботниот антивладин протест во Скопје, организиран од најголемата опозициска партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ. Нашите извори од партијата откриваат дека ентузијазмот меѓу членовите и симпатизерите е голем, па затоа на саботниот митинг пред седиштето на Владата на Република Македонија, се очекува да се појават огромен број луѓе.

    Според тоа што досега е објавено, протестот пред Владата ќе започне во 20 часот во сабота, но претходно во три засебни колони, протестантите ќе го започнат маршот од три засебни локации во центарот на градот. Протестниот марш на демонстрантите ќе започне во 19.15. Замислено е дел од протестантите да тргнат од пред Собранието на Република Македонија, втората колона до Владата ќе стигне од зборното место кај ТЦ Буњаковец, додека третата група протестот ќе го започне во близина на зградата на МТВ.

    Предвидено е протестот да започне со музички перформанс, каде учество ќе земат изведувачи и уметници, а потоа ќе се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Воедно, замислено е ова да биде протест во боите на македонското знаме, па во кореографијата се очекува да доминираат црвената и жолтата боја.

    Премногу е и од СДСМ и од ДУИ

    Друг извор во ВМРО-ДПМНЕ ни посочи дека револтот кај народот од владејачката коалиција е огромен, па затоа тој очекува масовност на саботниот протест

    – Протестот на 18 ќе се одвива под слоганот “Премногу е! Протест за промени”, затоа што навистина сметаме дека оваа власт на СДСМ и на ДУИ ги помина сите граници на разумот фрлајќи ја земјата на колена преполна со неисполнети очекувања, корупција и криминал, промашувања, застој во европските интеграции, блокади, поделби. И не се само разочарувања, туку и сознанието дека нема да биде подобро, бидејќи со оваа влада само кризите ќе се продлабочуваат, инфлацијата ќе биде поголема, а сиромаштијата сè почеста – вели нашиот соговорник.

    Тој е свесен дека со еден протест оваа власт нема да падне, бидејќи како што вели, владејачката гарнитура толку многу ги узурпира процесите и институциите, но сепак се очекува протестот да даде јасна порака дека народот е одлучен и дека изборите се решение.

    – И дека народот е определен се гледа во масовниот одзив да се дојде на протестот, да се изрази револт и да се каже дека е премногу. Партијата организира превоз, а засега се бара возило повеќе за десетиците илјади граѓани кои од внатрешноста сакаат да дојдат и да присуствуваат. Работата е прекршена, бидејќи и покрај сите притисоци народот не се плаши и гласно кажува дека треба да има промени. Она на што се очекува да се осврне претседателот Мицкоски е делувањето на партијата, кои ќе бидат во правец на рушење на власта користејќи ја демократијата, улицата и обединувајќи го народот против најголемата причина за колективната несреќа, а тоа е оваа власт – додава тој, нагласувајќи дека доколку во наредниот период не бидат распишани предвремени избори, тогаш од неговата партија ќе преземат други чекори, кои ќе одат во правец на масовен активизам.

    Сите ќе протестираат 

    Мицкоски вчера информираше дека одржал состанок со претседателите на партиите од коалицијата за Обнова на Македонија и сите тие го поддржале саботниот протест.

    – На состанокот претседателите на сите партии беа едногласни дека со секој поминат ден со СДСМ и ДУИ на чело на владата народот живее се полошо, криминалот е секојдневие, а сиромаштијата се повеќе ни се заканува. Премногу е од оваа власта, е генералниот заклучок од средбата, констатација која што велат не е само нивен став, туку и на стотици илјади граѓани низ државата – стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

    Идемооо… бре

    Ги гледам резултатите од најновото испитување на јавното мислење спроведено од “Ипсос” и веднаш во очи ми паѓа бројката дека лидерот на опозицијата Христијан Мицковски ужива најголема доверба кај македонските граѓани, дури пет пати повеќе во однос на претседателот на македонската Влада, Димитар Ковачевски, кој ужива помалку доверба кај македонските граѓани дури и од Димитар Апасиев, напиша на Фејсбук претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоилковиќ.

    Тој вели дека резултатите од анкетата, кога станува збор за партијските рејтинзи, исто така се поразителни за власта.

    -Затоа сосема оправдано се поставува прашањето зошто при ваква поставеност на резултатите, во време кога опозицијата предводена од Христијан Мицковски отвара фронт против власта, во исто време власта, нејзините прислужни елементи и криминалното политичко подземје отвараат фронт против Христијан Мицковски? Мислам дека одговорот на оваа прашање ќе ве одведе право на митингот пред Владата на 18.06.2022 година со почеток во 20 часот – посочи Стоилковиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img