More

    Германски лекари планираат да пресадат срце на свинско на човек

    spot_img

    Германските кардиохирурзи веруваат дека ќе можат да пресадат модифицирано свинско срце на човек за најмногу две години.

    Очекуваат дека исходот ќе биде подобар од оној постигнат по првата ваква трансплантација во светот, која ја извршија американски лекари.

    „Ние сме во завршна фаза“, рече кардиохирургот Бруно Рајкарт, член на истражувачката група во Универзитетската болница Грошадерн во Минхен, додавајќи дека им недостига уште една компонента и дека работат на тоа.

    Д-р Рајкарт рече дека генетски модифицираните помали свињи од Нов Зеланд ќе се користат за трансплантација. Животните мора да тежат меѓу 70 и 90 килограми, бидејќи во спротивно нивните срца би биле преголеми за луѓето.

    По процесот на модификација на срцето, прво ќе се тестира на павијаните, вели докторот кој со оваа работа се занимава веќе неколку децении.

    Мајмуните со свинско срце треба да преживеат една година пред да се тестираат на луѓе.

    Трансплантацијата на органи од еден вид на друг, процес наречен ксенотрансплантација, направи голем чекор напред минатата година кога хирурзите во Мериленд за прв пат трансплантираа свинско срце на човек.

    Тоа што пациентот преживеа два месеци, земајќи ги предвид сите негови коморбидитети, е добар резултат, вели д-р Рајкарт.

    Минатиот јануари, тим од Медицинскиот универзитет во Мериленд пресади свинско срце со десет модификации на смртно болен човек.

    По десет години истражување за ксенотрансплантација, експертите се убедени дека свинските срца би можеле да бидат остварлива опција за пациентите на кои им треба ново срце.

    Д-р Рајкарт, кардиохирурзите Кристијан Хагл и Паоло Бренер, како и ветеринарот Екарт Волф се меѓу водечките светски експерти за истражување на ксенотрансплантација.

    Таа група експерти започнала успешни експерименти во Минхен пред седум години со павијани кои преживеале и до половина година по трансплантацијата на свинско срце.

    Мојата намера е резултатот од операцијата да биде поуспешен од минатогодишниот од Мериленд, изјави 80-годишниот доктор Рајкарт.

    Поради возраста тој повеќе не оперира, но изјави дека „би сакал да биде во собата кога операцијата ќе успее“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img