More

    Германскиот министер за економија Роберт Хабек предупреди на тешки последици за европската економија во случај на ембарго на увоз на руски гас и нафта

    spot_img

    Германскиот министер за економија Роберт Хабек (од партијата на Зелените) денеска предупреди на тешки последици за европската економија во случај на ембарго на увоз на руски гас и нафта.

    -Во случај на ембарго, зборуваме за тешка економска криза во Германија и Европа – изјави германскиот министер за економија за РТЛ.

    Тој посочи дека самото вчерашно укажување на можноста за воведување ембарго за увоз на руска нафта и гас ја зголеми цената на нафтата на светскиот пазар за 50 отсто.

    Хабек предупреди дека во случај на ембарго, цената на нафтата ќе скокне на долг рок, а не само на неколку часа.

    – Не зборуваме за краткорочни скокови на цените, туку за постојано високи цени на фосилните горива. Мислам дека секој треба да замисли што всушност значи тоа – рече Хабек.

    Германскиот министер за економија вели дека во тој случај не би се работело само за „штедење на светилки“, туку и за банкротства на бројни компании и за зголемување на невработеноста.

    – И тоа треба да се издржи. Не зборуваме за три дена или три недели, туку, да речеме, за три години – рече германскиот министер за економија.

    Тој додаде дека за Европа не доаѓа предвид ембаргото за кое се почесто зборуваат САД и дека „Американците се свесни за тоа“.

    -САД увезуваат само 7,5 отсто од нафтата од Русија, додека во Германија зборуваме за 35 отсто. Ситуацијата не може да се споредува, рече Хабек.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img