More

    Врховниот суд во Бразил нареди апсење на шефот на јавната безбедност во главниот град Бразилија

    spot_img

    Врховниот суд во Бразил нареди апсење на шефот на јавната безбедност во главниот град Бразилија, откако приврзаниците на поранешниот претседател Жаир Болсонаро упаднаа во владините згради.

    Судот, исто така, нареди апсење на Андерсон Торес, кој беше министер за правда на Болсонаро пред да ја преземе функцијата шеф на јавната безбедност овој месец во Бразилија, каде илјадници демонстранти упаднаа во Врховниот суд, Конгресот и претседателските канцеларии во неделата. Торес, кој беше сменет од функцијата во неделата, не беше во градот кога се случија немирите, откако замина за Флорида претходно овој месец.

    Во вчерашната објава на Твитер, тој рече дека ќе се врати во Бразил од Орландо, каде што беше на семеен одмор и ќе им се предаде на властите.

    Судот, исто така, побара апсење на Фабио Аугусто Виеира, шеф на воената полиција на Бразилија, еден од неколкуте функционери одговорни за заштита на клучните владини згради во главниот град.
    Во Налогот за апсење се наведува нивниот неуспех да обезбедат соодветна полициска сила, дозволувајќи им на повеќе од 100 автобуси на приврзаниците на Болсонаро да влезат во градот, како и неуспехот да го затворат кампот каде што луѓе се собираа со месеци.

    Истовремено, бразилската полиција од хуманитарни причини ослободи речиси 600 лица приведени по упадот во административните згради во престолнината во неделата, додека 527 осомничени се префрлени во локален затвор.

    Федералната полиција појасни дека 599 лица се ослободени од хуманитарни причини, особено постари лица, лица со здравствени проблеми или мајки со мали деца. Останатите приведени се однесени во затворот „Папуда”. Полицијата ги демантираше информациите дека еден од приведените починал.

    Властите пријавија вкупно околу 1.500 уапсени за време на рацијата во неделата. Тогаш приврзаниците на поранешниот претседател Жаир Болсонаро ги нападнаа зградите на претседателството, Врховниот суд и Конгресот. Меѓу приведените има и луѓе кои учествувале во нападот, како и приврзаници на Болсонаро, кои поставија камп пред главниот штаб на бразилските вооружени сили.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img