More

    Во Штип нема регистриран случај на морбили, но лекарите се со апел за што помасовна вакцинација на децата

    spot_img

    Во Штип нема регистриран случај на морбили, но лекарите се со апел за што помасовна вакцинација на децата. Доктор Дијана Коцева – Миланова од Здравствениот дом „Панче Караѓозов“ Штип вели дека родителите најмногу пружат отпор кон оваа вакцина, што само ги изложува децата на зараза при евентуално пренесување на болеста од надвор.

    – Не, немаме случаи на регистрирани заболени од морбили, меѓутоа самиот факт дека е низок опфатот на имунизација ги изложува од ризик неимунизираните деца при еден импортиран случај, евентуално, од странство да ја добијат болеста, бидејќи се работи за болест која се шири преку директен контакт и преку воздушно – вели Коцева – Миланова.

    Опфатот на вакцинација во Штип е нешто понизок кај првата доза која ја примаат дванаесетмесечни деца, што се објаснува со општопознатиот факт дека родителите често ја одложуваат вакцинацијата, односно чекаат детето да прооди или да прозбори, па да ја прими вакцината. Коцева-Миланова забележува дека вообичаено родителите ги носат децата за вакцинација по втората година.Смета оти ваквиот факт е неоправдан, бидејќи со тоа децата само се изложуваат на ризик.

    – За да се оствари солиден колективен имунитет ние целиме кон опфат од над 95 проценти, меѓутоа реално тој опфат тешко се достигнува, така што на национално ниво целиме опфатеноста да е барем над 90 проценти. Во Општина Штип за вакцина со прва доза, која се прима на 12 месеци, опфатот изнесува околу 75.6 проценти, веќе за ревакцината која е на шест години опфатот е добар, 93,7 проценти. Меѓутоа, опасност да заболат од морбили се најмногу изложени малите деца и возрасните невакцинирани деца, кај компликациите може да бидат доста сериозни, па дури да доведат и до смрт – додава Коцева – Миланова.

    Претходната пандемија на морбили беше прогласена на ниво на цела држава во 2019 година. Ако се спореди тогашниот процент, вели Коцева – Миланова, постои реална основа за грижа.

    – И претходната пандемија кога се случи во 2019 година опфатот беше околу 80 проценти. Сега ние сме многу под 80 проценти, така што ризикот е реален од нова епидемија со морбили – рече Коцева – Миланова.

    Не може да се каже колку процентот треба да падне за да се прогласи епидемија на морбили. Коцева – Миланова вели дека за преземање такви мерки одлучува Комисијата за имунизација, а тие ги следат препораките на национално ниво.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img