More

    Во партитурите на НОБ за песната „Во борба“ спорната строфа – ја нема!

    spot_img

    „Кон изјавите за изведбата на партизанската песна ‘Во борба’, композиција за изведба на мешан хор, на музика од Јулиј Хаит, хармонизација на Тодор Скаловски и текст на Владо Малески, истата изведена од страна на Хорот на музичката програма во чест на прославувањето на празникот Илинден, во Крушево на платото на споменикот Македониум, ве информираме дека од страна на НУ Национална опера и балет не се извршени интервенции врз нотните партитури на оваа песна.

    Имено, овие партитури, кои се чуваат во нашата музичка архива изведувани на ист начин како на денот 01.08.2022 година, години наназад на сите значајни државни одбележувања каде настапувал Хорот“.

    Ова е дописот со кој Дирекцијата на НУ Национална опера и балет одговори на прашањата на Плусинфо, упатени до повеќе одговорни во оваа установа.

    Во прилог на дописот се испратени и овие фотографии од партитурите:

    Како што се гледа од овие три фотографии, презентирани се партитурите од страниците 3 до 5. Интересно е дека во текстот под нотниот запис навистина ја нема спорната строфа:

    „Излеговме ние смели партизани,
    над нас на Гоце знамето се вее, во гори,
    полја и на сите страни,
    фашистичка крв насекаде се лее“

    Песната на 2 август годинава пред Македониумот навистина е испеана така, со испуштената строфа, што се гледа и од следново видео:

    Но, навистина е тешко да се поверува дека песната во оваа верзија, со цензурираната строфа, е пеена во сите прилики така. Што, секако, не значи дека Хорот на МБ не ја изведувал според овие партитури.

    Еве докази за две изведби на истата песна, во кои не е изоставена спорната строфа.

    После ова, останува нејасно кој го скратил текстот, за кој се тврди дека е на Владо Малески. Едно е сигурно – Малески тоа не можел да го стори самиот. Нам не ни е познато дека Малески е автор на текстот, дека Хаит е автор на музиката, а Скаловски автор на аранжманот.

    Во дел од медиумите,. сепак, се тврди дека целата песна ја има во збирката на Кочо Рацин која посмртно е објавена. Збирката била пронајдена во неговата чанта, песната ја напишал Владо Малески. Еве ја таа песна:

    Ако е ова вака, во песната што се изведува ја нема и последната строфа, во која се пее за браќата Власи, Турци, и Албанци.

    Како и да е, малку е веројатно дека цензорот е Јулиус Абрамович Хаит, кој, според партитурите од НОБ, е автор на музиката. Тој е роден во 1897 година во еврејско семејство во Киев, каде дипломирал на правниот факултет. Во Москва работел во организации за заштита на авторските права на советските композитори. Најпознато дело му е „Авиамарш“, а напишал и многу други музички дела, како и воено-патриотски маршеви за дувачки оркестри. Починал на 6 декември 1966 година.

    Енигмата останува – како исчезнале знамето на Гоце Делчев и леењето на фашистичката крв од партитурите на НОБ?

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img