More

    Во каква состојба е американскиот претседател?

    spot_img

    Американскиот претседател Џо Бајден пред неколку дена на говор Сиетл повторно подаде рака во воздухот како да сака да се ракува, иако во тој момент немаше никој во негова близина. Тој се сети дека нема никој, се насмевна, а потоа се симна од сцената, пренесува Б92.

     

     

    Прашањето каква е менталната состојба на Бајден веќе неколку месеци се поставува во САД. Сите го помниме оној настап во Северна Каролина кога Бајден буквално се ракуваше со воздухот. На настанот беше присутен и поранешниот претседател Барак Обама. Претходно, на 19 јануари на Бајден на прес-конференција директно му беше поставено прашање во врска со тоа.

    – Немам поим – изјави Бајден на прашањето зошто половина, односно 48 отсто од Американците сметаат дека тој „не е ментално способен да служи како претседател“.

    Претседателот рече и дека ќе им остави на новинарите „да проценат дали анкетата е точна“. Се работи за истражување кое го спроведе познатиот портал Политико.

    Ова не беше прв пат да се разговара за психичката и психолошката состојба на американскиот претседател. Вакви прашања имаше во предизборната кампања во првата година од неговиот мандат. Таа им е омилена тема на десничарските републикански медиуми. Во меѓувреме, неколку други анкети потврдија дека секој втор Американец се сомнева во здравјето на Бајден.

     

    Пред неколку недели редакцијата на „Волстрит џурнал“ во својот уреднички текст побара на Бајден повеќе да не му биде дозволено да зборува за многу важни прашања, освен ако не чита пишан текст од кој нема да отстапува, особено во време на меѓународна криза.

    Такер Карлсон, познат водител на Фокс Њуз, рече:

    – Многу пати кога сте во близина на некој кој има когнитивен пад, се наоѓате себеси како се обидувате да му помогнете со некоја реченица, обидувајќи се да му помогнете да ја заврши, но не треба. Не го правете тоа за врховниот командант. Тоа е всушност ризик за националната безбедност бидејќи испраќа сигнали што ниту еден разумен човек во овој момент не би сакал да ги испрати во Русија.

    Од своја страна, поранешниот претседател Доналд Трамп го исмејуваше Бајден, велејќи дека неговата администрација „ја уништува земјата“. Трамп ги повтори своите обвинувања за претседателските избори во 2020 година, кои ги опиша како „наместени“.

    – Во моментов имаме претседател кој, за жал, апсолутно нема поим што по ѓаволите се случува. Се ракува со воздухот, оди малку збунето и прима наредби од велигденското зајаче – им рече Трамп на неговите приврзаници собрани во Охајо.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img