More

    ВО ЖИВО Русите ја преземаат контролата над аеродромот во близина на Киев

    spot_img

    Русија во четвртокот започна инвазија на Украина од копно, воздух и море, што е најголемиот напад на друга земја во Европа од Втората светска војна и потврда на најголемите стравови на Западот. Вести за смртните случаи доаѓаат од Украина, а осуди за инвазијата пристигнуваат од целиот свет.

    Руски проектили ги зафатија украинските градови. Украина тврди дека колони војници ја минуваат границата во источните региони Чернихив, Харков и Луганск и дека слетале на бреговите на градовите Одеса и Мариупол на југ. Претходно, Путин во телевизиско обраќање рече дека наредил специјална воена операција за заштита на народот, вклучувајќи ги и руските граѓани кои биле подложени на геноцид во Украина, што Западот го нарекува целосна измислица.

     

    Лидерите на Европската унија и НАТО, како и бројни земји, остро го осудија чинот на Путин, ја повторија својата поддршка за Украина и најавија заедничка реакција и санкции. Си-Ен-Ен пишува дека руските сили го окупирале аеродромот Антонов, кој се наоѓа на 20 километри од Киев.

    -„Овие војници што ги гледате се војници на руските воздухопловни сили. Тие го зазедоа аеродромот“, напиша таа на Твитер.

     

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img