More

    Возило излета од патот Охрид Кичево, две лица се тешко повредени

    spot_img

    На 17.07.2022 во 07.35 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу селата Врбјани и Сливово, општина Дебарца, патничко возило „Бмв“ со  гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.А.(27) од Гостивар, излетало од патот. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот, С.З.(21) и малолетен сопатник, двајцата од Гостивар, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршиле полициски екипи.

    Уште една сообраќајќа се случило близу Охрид во текот на вчерашниот ден, овојпат кај селото Велестово.

    Во 16.25 часот во СВР Охрид, пријавено е дека  на локален пат во близина на охридското село Велестово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патнички моторни возила „Рено“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Ѓ.(26) и „Нисан“ со скопски регистарски ознаки, управуван од М.Д.(37) од Скопје. Притоа, со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид, се здобиле возачот на возилото „Рено“, како и сопатниците Л.Ј.(22), Г.Ш.(41), Б.Т.(54), сите од Охрид, додека со телесни повреди се здобил  В.Ч.(56) од Охрид. Увид на местото извршиле полициски екипи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img