More

    ВМРО-ДПМНЕ: Предавникот Ковачевски прикрива докази за да го пушти пукачот од Мавровка кој пукаше во народот кој протестира на слобода

    spot_img

    Предавникот Ковачевски прикрива докази за да го пушти пукачот од Мавровка кој пукаше во народот кој протестира на слобода, обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

    „На 07.07.2022 година, МВР излезе со официјално соопштение, во кое наведуваат дека лицето Е.Ј. од Скопје, кое на истиот ден со огнено оружје – пиштол од марката Walter P99 пукаше додека поминуваше колона на луѓе при протест, и поднесе кривична пријава по брза постапка. За денеска една недела потоа ЈО да излезе со став дека пиштолот од кој било пукано не е огнено оружје, туку пиштол за светлосно звучна сигнализација од марката EKOL Aras Magnum. ЈО си зема за слобода и покрај наодот на МВР, кои излегле на лице место и го земале пиштолот од кој било пукано да излезе и да каже дека пиштолот од кој било пукано е друг пиштол, а не тој кој првично е најден кај лицето. И додека се случува ова МВР молчи, и следно е да излезат и да кажат дека направиле грешка и да се извинат што го вознемириле пукачот“, наведува ВМРО-ДПМНЕ.

    Предавникот Ковачевски и Оливер Спасовски, додава ВМРО-ДПМНЕ во соопштениет, прават кривично дело од чл.353 Злоупотреба на службена положба и овластување и чл. 365 Помагање на сторител во извршено кривично дело.

    „Власта е до толку во паника што се впушта во прикривање на кривично дело и обид за убиство. И предавникот Ковачевски и Оливер Спасовски треба да знаат дека прикривањето и злоупотребата на службената положба се кривични дела за кои ќе одговараат“, се вели во соопштението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img