More

    Властите ни да зуцнат за изјавите на Џамбаски и на Костадинов

    spot_img

    Изминува вториот ден без официјални реакции од македонските власти по провокациите од страна на бугарски официјални лица на панихидата на Мара Бунева во Скопје.

    Бугарскиот пратеник и лидер на Преродба, Костадин Костадинов, за кој премиерот Димитар Ковачевски пред извесно време порача дека е непожелен во Македонија по неговите бројни провокации и иредентистички изјави, од панихидата испрати порака од Скопје, како што рече, „втората бугарска престолница“.

    Претходно, на панихидата на Мара Бунева, Џамбаски изјави:

    -Вечен спомен на Мара Бунева и на сите познати и незнајни херои кои го посветија и го дадоа својот живот за каузата за слободна бугарска Македонија и обединета Бугарија. Да живее обединетата и неделива бугарска нација, од Охрид до Црно Море и од Дунав до Бело Море. Да живее бугарска Македонија. Да живее Бугарија!

    Во врска со молкот на власта се огласи ВМРО-ДПМНЕ, во кое се прозиваат премиерот Диитар Ковачевски и министерот за надворешни работи Бујар Османи:

    „Ковачевски и Османи цел ден молчат за асимилаторскиот говор на Џамбаски, за да им поминуваат криминалите согласни се со сите кои имаат аспирации кон Македонија. Ангел Џамбаски среде Скопје ја негираше македонската држава и народ, а од МНР и Владата молчат. За осуда и протесна нота за ваков инцидент не треба да се чека ниту 5 минути, а не цел ден. Што чекаат Ковачевски и Османи и од што се плашат? Или можеби се согласуваат со Џамбаски, ако се согласуваат чесно е да кажат. Со Ковачевски и Османи имаме само негации. Додека тие се фокусирани на тендери, политичари со шовинистички говори го навредуваат народот и државата“.

    Се огласи и Македонски концепт, со барање „да се преземат итни институционални мерки по неофашистичките напади врз уставниот поредок на Македонија од страна на европскиот пратеник и избугарен Македонец, Ангелче Џамбаски од Бугарија“. Македонски концепт потсети дека Џамбаски на својот фејсбук-профил, по посетата на Скопје, напишал „а живее обединета и неделива бугарска нација, од Охрид до Црното Море и од Дунав до Белото Море, да живее бугарска Македонија, да живее Бугарија“. Тоа во Македонија претставува кривично дело.

    Професорката Мирјана Најчевска побара Ангел Џамбаски треба да биде кривично гонет врз основа на член 319 и да се прогласи за persona non grata во Македонија.

    Фотографија: Телма

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img