More

    Владимир Путин се подготвува за долга војна во Украина, при што дури и евентуална победа на исток нема да стави крај на конфликтот

    spot_img

    Владимир Путин се подготвува за долга војна во Украина, при што дури и евентуална победа на исток нема да стави крај на конфликтот, предупредија американски разузнавачи, а според зборовите на полскиот премиер Матеуш Моравјецки тој е „поопасен од Хитлер и од Сталин“.

    – Монструозната идеологија на режимот на Путин претставува смртоносна закана за Европа и мора целосно да се искорени – рече Моравјецки, зборувајќи за „арсеналот“, односно оружјето кое Русија го поседува.

    Копнен мост меѓу Москва и Придњестровје

    Аврил Хејнс, директорка на националното разузнавање, во излагање пред Комитет на американскиот Сенат изјави дека Путин сè уште има намера „да постигне цели надвор од Донбас“, но оти „се соочува со неусогласеност меѓу неговите амбиции и сегашните конвенционални воени способности на Русија“.

    Шефицата на американското разузнавање додаде дека има индикации дека Путин сака да создаде копнен мост меѓу Москва и прорускиот отцепени регион Придњестровје во Молдавија.

    Инфлацијата ќе ја сопре САД ѝ помага на Украина?

    Таа додаде дека рускиот претседател „веројатно“ смета на тоа дека поддршката на САД и ЕУ за Украина ќе ослабне бидејќи инфлацијата, недостигот на храна и цените на енергијата се влошуваат.

    Сепак, рускиот претседател би можел да се сврти кон „подрастични средства“ додека војната продолжува – иако Москва би употребила нуклеарно оружје само ако Путин смета дека постои „егзистенцијална закана“ за Русија.

    Директорот на Одбранбената разузнавачка агенција Скот Бериер на истото сослушување изјави дека Русите и Украинците се „малку во ќор-сокак“.

    Украинците го враќаат Харков, Русите во ќорсокак

    Во последните борби, Украина тврди дека повторно освоила четири населени места во североисточниот регион Харков. Черкаси Тишки, Руски Тишки, Рубижне и Бајрак се одземени од Русија, соопштија вооружените сили на Украина.

    Западот е загрижен за следните потези на рускиот претседател. Москва повторно ги фокусираше своите трупи на заземање на регионот Донбас откако Украина се спротивстави на обидите да го заземе нејзиниот главен град Киев. Но, и покрај тоа, руските сили остануваат во ќор-сокак, соопштија американските разузнавачи.

    Путин го деградира ФСБ, некогашната КГБ

    Според „Телеграф“ руските војници дури и одбивале да ги извршуваат наредбите во Украина, убиени биле неколку генерали на руската армија, а уништени биле други важни руски цели меѓу кои и командниот брод на руската Црноморска флота.

    Ова го навело Путин да ја деградира ФСБ, Федералната служба за безбедност или некогашно КГБ и разузнавањето за војната да ѝ го додели на руската шпионска служба ГРУ, објавува денеска лондонскиот весник „Телеграф“.

    Назначувањето на бруталната руска воена шпионска единица ГРУ треба да ги подобри перформансите на руската војска во Украина, ја пренесува весникот изјавата на Андреј Солдатов, академик и експерт за руската разузнавачка мрежа.

    Солдатов цени дека ефикасноста на руските трупи на терен ќе биде засилена, со подобра комуникација меѓу трупите, координираност и подобрена логистика.

    Алексеев е секогаш подготвен да убие

    Новиот човек на Путин задолжен за собирање разузнавачки информации во Украина е генерал полковник Владимир Алексеев кој, како што пишува „Телеграф“ бил вклучен во напади и обиди за атентат на Запад.

    Обединетото Кралство и Европската унија го обвинуваат Алексеј дека раководел со нападот со хемиско оружје во Солсбери 2018 година.

    – Тој е искусен специјален агент, исто така санкциониран од САД заради директна вмешаност во кибер-нападите за време на изборите во САД во 2016 година – вели Солдатов.

    Генералот Алексеев беше унапреден во прв заменик-шеф на ГРУ во 2012 година.

    – Тој водеше воена операција во Сирија и беше вклучен во конфликтот во Донбас. Колегите офицери го сметаат за брутален и самоуверен до степен на немилосрдност. Секогаш е подготвен да убие – вели Солдатов.

    Цел на хемискиот напад во Солсбери од 2018 година за кој е обвинета руската разузнавачка служба ГРУ беше двојниот агент Сергеј Скрипал и неговото семејство.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img