More

    Владата со парите ќе отплаќа стари долгови

    spot_img

    Владата донесе одлука за издавање хартии од вредност на германскиот пазар, обврзница позната како „Namensschuldverschreibungen”, односно NSV, во износ од 250 милиони евра. Како што соопшти Министерството за финансии (МФ), средствата ќе се искористат за отплата на стари долгови кои доспеваат и за финансирање на буџетски потреби.

    -Министерството за финансии во континуитет ги следеше пазарите на капитал и согласно опсежните анализи, овој инструмент со својата каматна стапка и рок на доспевање е најдобрата опција за портфолиото на јавен долг. Имено, каматната стапка изнесува 3,75 отсто плус 6 месечен ЕУРИБОР, со рок на отплата од 3 години и 18 месеци грејс-период, се наведува во соопштението.

    NSV е инструмент кој обично го издаваат висококвалитетни клиенти со стабилен инвестициски кредитен рејтинг, а хартиите од вредност се купени од страна на германски инвеститори. NSV како регистрирана хартија од вредност, од страна на Дојче банка до сега е издадена во Република Полска, Ирска, Белгија, Кралството Шпанија. Овој финансиски инструмент покрај Дојче банка го издаваат и KFW, IBRD, EIB.

    -Изминатиов период се склучија неколку трансакции на меѓународниот пазар на капитал од страна на членки на ЕУ со повисок кредитен рејтинг од нашиот, каде каматните стапки се движеа до околу 7%, со неколкукратно повисоки суми на повлекување. Ова се должи на заострувањето на условите на меѓународниот пазар на капитал, како резултат на затегнувањето на монетарната политика преку раст на каматните стапки од страна на скоро сите големи централни банки во светот, поради високата инфлација. Почнувајќи од првиот квартал на оваа година, се до овој момент е забележан значителен пораст на цената на тргување и на секундарниот пазар на издадените Евообврзници, коишто претставуваат своевиден репер за дефинирање на цената (каматната стапка) при евентуално издавање на нова Еврообврзница. Во моментов македонските Еврообврзници се тргуваат со принос во распон од приближно седум проценти што значи дека доколку Република Северна Македонија одеше со нова Еврообврзница, каматната стапка би била на ниво од околу осум отсто – информира МФ.

    Во вакви услови, според Министерството, уште повеќе доаѓа до израз потребата за водење претпазливи домашни политики, така што се пристапи кон пронаоѓање друг поповолен извор на финансирање.

    „Министерството за финансии во соработка со Дојче банка во изминатиот период континуирано работеше за издавање нов финансиски инструмент којшто претставува регистрирана обврзница согласно со  германските закони – NSV. Со овој инструментот каматната стапка е значително пониска од онаа која би се постигнала со евентуалното издавање на нова Еврообврзница“, стои во соопштението. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img