More

    „Витаминка“ објасни зошто скокна „брилијантот“

    spot_img

    И покрај покачувањето, цената на „Брилијант“ е најниска од сите производители на масло на македонскиот пазар, соопшти денеска „Витаминка“ објаснувајќи го покачувањето на цената на нејзиното масло за јадење.

    „Во првиот квартал од годинава, „Витаминка“ како компанија покажа одговорност поради економската криза и ја задржа цената на ниско ниво долг временски период. Претходната цена на ‘брилијант’ беше 125 денари за литар, со што внимаваме и важно ни беше да нема големи ценовни скокови за граѓаните. Но, изминативе недели ситуацијата се смени во однос на набавката на суровина од Бугарија и од Украина, кои останаа единствени алтернативни пазари за нас. Нерафинираното масло од овие пазари е со значително повисока цена што се одрази и врз малопродажната цена на маслото. И покрај покачувањето, цената на ‘брилијант’ е најниска од сите производители на масло на македонскиот пазар. Истовремено, компанијата доследно ги почитува препораките и се раководи според насоките на Владата за справување со економската криза“, се наведува во соопштението од „Витаминка“.

    Новото сурово масло кое е набавено од Бугарија, Романија и од Украина чини околу 2.200 евра за тон, а пред три до два месеца цената се движела од 1.200 до 1.500 евра за тон. Малопродажната цена на маслото, што е берзански производ, зависи од движењата на цените на светските берзи.

    Поради увозот од Србија, кризата со маслото за јадење се смирува и нема потреба граѓаните да прават залихи, додаваат од „Витаминка“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img