More

    Висок член на „Вагнер“ бара азил во Норвешка

    spot_img

    Русинот, кој наводно бил висок припадник на руската паравоена група на приватната компанија „Вагнер“, побарал азил во Норвешка, соопштија властите.

    Норвешката управа за имиграција (УДИ) објави дека Андреј Медведев побарал азил во Норвешка и изјави дека „поради безбедноста и приватноста, УДИ не може дополнително да коментира за ова прашање“.

    Неговиот норвешки адвокат Бринјулф Риснес потврди дека Медведев е во Норвешка и дека побарал азил.

    Случајот е предаден на норвешката имиграциска полиција, а Медведев е однесен во Осло и сместен во центар за прекршувачи на миграциските закони. Норвешката полиција одби да го коментира случајот.

    Полицијата минатата недела соопшти дека едно лице илегално влегло во Норвешка од Русија. Граничарите го привеле тој човек и го идентификувале само како странец кој дошол во куќа во пограничната област и побарал помош.

    Се верува дека станува збор за Медведев, кој, според норвешката новинска агенција НТБ, е во бегство откако пребегна од групата „Вагнер“ на 6 јули.

    Наводно, тој изјавил на една руска група за човекови права дека е подготвен да каже се што знае за групата „Вагнер“, нејзините активности и нејзиниот сопственик Евгениј Пригожин, кој е близок до Кремљ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img