More

    ВИДЕО | Петковски: Создадов простор за натпревар меѓу членовите, но Горан Мисовски само сака да биде претседател на НСДП

    spot_img

    Неодамна Централниот одбор на НСДП за единствен кандидат за претседател на НСДП на Петтиот конгрес на партијата го утврди Горан Мисовски и покрај тоа што претходно се кандидираше и генералниот секретар Кристијан Трајковски што предизвика незадоволство кај членството па дури и кај досегашниот претседател Тито Петковски кој го напушта кормилото на НСДП. Конгресот е закажан за 4 јуни.

    -Јас од самиот почеток на отворањето на постапката на редовен Конгрес решив партијата да биде транпарентна, што би ја красело една демократска партија. На самиот старт со отворањето на постапката за избор на нови раководства, групата од десет членови на чело со Горан Мисовски и Соња Мираковска и сите останати функционери што се на листа на НСДП на сите државни функции, зазедоа став дека на партијата не и требаат повеќе кандидати, што е спротивно на програмата на партијата, изјави во Утрински брифинг Тито Петковски.

    Според Петковски пресвртот во партијата се должи на заддржување на функциите и привилегиите.

    -Тука не станува збор за внатрепартиска демократија и натпревар со програми. Од самиот старт оваа група зазема став дека не треба да има повеќе кандидати и дека Горан Мисовски треба да биде единствен, вели Петковски.

    Петковски изрази жалење што младите сили на партијата нема да добијат шанса да ја претстават својата програма и ставови. Според него Мисовски дури и одбил дуел со противкандидатот Кристијан Трајковски, што сега веќе не е можно.

    -Горан и Соња никогаш нема да гласаат за раскинување на коалицијата. Перцепцијата за него во јавноста е дека тој треба да биде претседател. Но требаше Мисовски и Трајковски да ги соочат програмите зошто имаат крупна разлика во концепциите. Но едниот нема програма, а другиот ќе ви каже како сака да ја води партијата. Нешто што е модерно, младите како гледаат на работите, нивната визија за НСДП, самостојност, интегритет на партијата, дека не е привезок на ниту една политичка партија. Така што тие ја имаат и храброста и ова што го прават не го прават по цена да ги добијат изборите. И да ги загубат сакаат да внесат нов дух, нова содржина, нов морал. Да ги охрабрат луѓето дека може НСДП сама да настапи на изборите. Таа синергија да се направи, тоа го може само младоста, луѓето кои се длабоко седнати, со години во своите функции веројатно не сакаат ништо да жртвуваат, дециден е Петковски.

    Целиот разговор погледнете го во видеото:

     

    Извор: slobodenpecat.mk

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img