More

    Видео од руски камиони во централата ја „замрсува“ приказната

    spot_img

    Снимка од руски камиони во внатрешноста на нуклеарната централа Запорожје, објави Си-Ен-Ен пишувајќи дека се автентични и дека докажуваат дека Русите лажат дека се нападнати и дека не се присутни во објектот. Видеото се појави во вторникот, а ги прикажува шест турбински простории лоцирани на западната страна на централата. Симболот „З“ е присутен на возилата.

    Друга снимка од 24 јули го покажува спротивното. Сателитското видео од компанијата „Планет Лабс“ сугерира дека нема руски возила во објектот. Киев пак, тврди дека Русите ги скриле возилата во самите згради на електраната. Според украинските извори, 14 единици тешка воена опрема се во првиот моторен блок, а шест возила во вториот машински простор.

    Додека Киев и Москва утринава меѓусебно се обвинуваат за можен инцидент и осмислена провокација расте стравот од нуклеарна катастрофа во светот. Непотврдената информација дека персоналот на руската нуклеарна компанија „Росатом“ ја напуштил централата земајќи „неочекуван слободен ден“  за украинската служба СБУ е доказ за планираното сценарио.

    Централата е под руска контрола од месец март, а украинските научници кои работат внатре се заложници и работат под директива.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img