More

    Верски обреди на МПЦ, ИВЗ и на Католичката црква

    spot_img

    Трите најголеми верски заедници во земјава, Македонска Православна црква, Исламската верска заедница на РСМ и Македонска Католичка црква, денеска на територијата на целата држава ќе одржат верски обреди посветени на мир во Украина и во целиот свет.

    Поточно, како што информираат од Здружението на Украинци во Северна Македонија, во градските и приградските храмови на МПЦ веднаш по светата литургија ќе биде отслужен молебен за мир во Украина и воопшто во целиот свет.

    Исто така, Исламската Верска заедница на РСМ денеска една од петте молитви во џамиите низ целата земја ќе ја посвети за мир во Украина, а во Македонската Католичка црква ќе се одржи миса за мир во Украина.

    Од Здружението на Украинци во Северна Македонија ги повикуваат и другите верски заедници во државата да се придружат до иницијативата за одржување молитва за мир во Украина на истиот ден на територијата на целата земја. Сите верници се повикуваат да се придружат на оваа заедничка молитва за мир, благосостојба и хармонија.

    „Сметаме дека на таков чин нашата држава ќе прати силна порака за заложба на што поскоро прекинување на војната во Украина и мир во целиот свет“, се наведува во соопштението на здружението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img