More

    Вардар нема да игра во Лигата на шампиони!

    spot_img

    Се исполнија најавите од пред неколку дена, дека македонскиот ракометен првак Вардар ќе остане без место во Лигата на шампионите поради неисполнети финансиски обврски. Ова денес преку својот сајт го потврди Европската ракометна федерација (ЕХФ).

    – Извршниот комитет на Европската ракометна федерација на состанокот во петокот, на 17 јуни, одлучи дека македонскиот клуб Вардар 1961 не ги исполнува критериумите за влез во натпреварувањата во Европскиот куп на ЕХФ во сезоната 2022/23. Одлуката на Извршниот комитет на ЕХФ следува по период од речиси две години во кој ЕХФ се обидуваше да го реши проблемот со неплаќањата на договорените играчи од страна на клубот и со тоа да го задржи клубот од Скопје на највисоко ниво. Со оглед на тоа што РК Вардар 1961 одлучи активно да го презентира својот став пред медиумите, Европската ракометна федерација одлучи да даде јавен одговор. Овој одговор е директно доставен до клубот во исто време, стои во дел од известувањето на ЕХФ.
    Од таму додаваат дека направени биле многу обиде да се реши ситуацијата со Вардар.

    – Имаше многу писмени размени, па дури беа преземени и лични разговори и јасни распореди од страна на ЕХФ. За жал, претставниците на клубот не можеа да ги почитуваат овие датуми и поставија стратегија на одложување или дури и неодговарање. Плаќањата беа направени само делумно, а беа преземени неколку обиди датумите да се одложат во следната сезона. Извршниот комитет на состанокот минатиот петок дошол до едногласна констатација дека РК Вардар 1961 ниту ги исполнил договорените аранжмани, ниту навремено го завршил кругот на плаќање и со тоа не ги исполнува критериумите за учество во евро-куповите во сезоната 2022/23.

    На крајот од соопштението, Европската ракометна федерација изразува жалење за непопуларниот чекор и подвлекува дека тоа не е во интерес на федерацијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img