More

    Бројот на странски туристи во земјава е зголемен за 84,5 отсто

    spot_img

    Повеќе од 56.800 туристи  имало лани во ноември. Државниот завод за статистика пресмета дека 36,2 отсто од нив биле домашни туристи, а 63,8 отсто странски.

    Тие направиле вкупно 124.969 ноќевања, од кои 40,6 отсто се од домашните туристи, а 59,4  отсто од странските туристи.

    Според податоците на статистика, бројот на туристи во земјава е зголемен за една година за 38,8 отсто. Зголемувањето  на бројот на туристи главно го прават странските кај кои зголемувањето е за  84,5 отсто. Кај домашните туристи бројот е зголемен за 6,2 отсто.

    Во периодот јануари – ноември 2022 година, во однос на истиот период од 2021 година, бројот на ноќевањата е зголемен за 23,3 отсто и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 3,9 отсто, а кај странските зголемувањето е за 72,2 отсто.

    Странците најмногу престојувале во Скопје каде што направиле и најголем број ноќевања, а домашните туристи најмногу престојувале покрај езерата  но најмногу ноќевања направиле во бањите.

    Најмноги странски туристи сме имале од регионот. Води Србија, со вкупно 3.928 туристи, Грција( 2.825), Албанија (2.459), Бугарија (1.866) и Косово (1.563). Од другите држави над 1.000 туристи имало само од Германија (1.472).

    фото: pixabay.com

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img