More

    Бројот на пензионери во земјава ќе расте, за пензии годинава ќе се потрошат близу 1,2 милијарди евра

    spot_img

    Бројот на пензионери во земјава ќе расте, во 2025 ќе надмине 353 000 лица – корисници на пензија. Ќе се зголемува и сумата за редовна исплата на пензии, пишува Порталб.мк.

    Стратешкиот план на Фондот за пензиско и инвалидско осигурувње (ПИОМ) за 2023-2025 година со нови коригирани процени за движењето на бројот на пензионери и за средствата потребни за пензии во однос на проекциите во претходниот документ. И за годинава се најавува зголемување на пензиите.

    Повеќе од половина од пензионерите живеат со или помалку од 260 евра

    Годинава бројот на пензионери ќе достигне 345 245 лица, што е за 2 826 повеќе во однос на процената во претходниот стратегиски план што го изработува ПИОМ. Во новиот документ се предвидува дека бројот на пензионери следниве три години ќе се зголеми за скоро 7 800.

    Број на пензионери

    2023 година 345 245

    2024 година 349 043

    2025 година 353 022

    На истекот на 2022 година во земјава имало 332 239 пензионери што е за 13 000 помалку во однос на процената за бројот на пензионери годинава. Скоро 69% од пензионерите добиваат старосна пензија која на крајот од 2022-та изнесуваше 18 991 денари.

    Висина на пензија процент на корисници

    Старосна пензија 18 991 денари  (68,76%)

    Семејна пензија 13 882 денри  (22,42%)

    Инвалидска пензија 15 647 денари ( 8,54%)

    Воена пензија 24 998 денри  (0,26%)

    Земјоделска пензија 9 076 денари (0,02%)

    Ако се систематизираат пензиите според висината, податоците покажуваат дека во земјава скоро 54% од пензионерите или повеќе од половината имаат пензија не повисока од 260 евра а 28% од нив имаат пензија повисока од 20 000 денари.

    И годинава ќе растат пензиите

    За редовна исплата на пензии годинава ќе бидат потребни 1,2 милијарда евра што е за 10,8% повеќе во однос на сумата што беше предвидена лани. Сумите за исплата на пензии следниве години ќе растат. Во 2025-та во однос на годинава износот ќе се зголеми за речиси 83 милиони евра.

    Расходи за пензии

    2023 година 1 186 000 000 евра

    2024 година 1 242 000 000 евра

    2023 година 1 268 600 000 евра

    Износот за исплата на пензии ќе расте не само поради зголемување на бројот на корисници туку и поради растот на пензиите. Според најавите од Владата во март годинава ќе има нова нагорна корекција на пензиите за 6%. Според новата методологија пензиите се усогласуваат два пати годишно, во септември и во март, и тоа за 50 проценти со трошоците за живот и за 50 проценти со растот на просечната плата.

    – Пензиите ќе бидат зголемени вкупно 16 проценти за една календарска година. Во мандатот на оваа Влада се зголемени за 10 проценти и тоа е направено без да се зголемат стапките на пензиски придонеси. Најголемиот дел на средствата – 499 милиони евра се трансфер во ПИОМ што е дополнителен показател за граѓаните дека го одржуваме стабилен Пензискиот фонд – изјави неодамна премиерот Ковачевски најавувајќи нов раст на пензиите.

    На двајца вработени еден пензионер

    Економистите и натаму предупредуваат на потребата од одржливост на пензискиот систем, особено во кризни времиња кога се води битка за задржување на работните места и отворање на нови кои заедно се извор на финансирање на фондовската каса. По основ на социјални придонеси годинава во ПИОМ треба да се слеат 994 милиони евра, сума која е повисока во однос на лани. На расходната страна најголем дел од буџетот на ПИОМ или 1,5 милијарди евра се трошат за исплата на социјални бенефиции по различни основи, меѓу кои и пензиите со најголем удел во оваа сума.

    Во земјава според последните достапни податоци од Заводот за статистика, на крајот од третиот квартал лани бројот на вработени изнесувал 693 062 и во сооднос со бројот на пензионери годинава, се сумира дека на 2 вработени има по 1 пензионер, податок кој укажува на ранливост на пензискиот систем.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img