More

    Бројот на жртвите во Днепар се искачи на 35, руските сили го гаѓаа и градот Запорожје

    spot_img

    Бројот на загинати од руски ракетен напад врз станбена зграда во југоисточниот украински град Днипро се искачи на 35, соопшти претставник на регионалната администрација.

    Спасувачите продолжија да ги пребаруваат урнатините за повеќе жртви, рече регионалниот гувернер Валентин Резниченко.

    Најмалку 75 лица беа ранети во рускиот напад врз зградата во саботата, а 35 се уште се водат како исчезнати.

    Во таа катна зграда живееле околу 1.700 луѓе, а граѓаните велат дека на тоа место немало воени објекти.

    Нападот на зградата во саботата се случи откако Русија започна нов бран гранатирања и ракетни напади врз неколку украински градови и локации.

    Обновените напади на Москва доаѓаат додека беснеат жестоки борби во источната украинска провинција Доњецк, каде што руската војска тврди дека ја презела контролата врз малиот град Соледар, додека Украинците велат дека нивните сили се уште се борат во градот.

    Руските сили денеска го нападнаа градот Запорожје, при што беше оштетена индустриската инфраструктура, кога беа ранети три лица, меѓу кои две деца, соопшти регионалната администрација.

    Руските и белоруските сили започнаа заеднички воени вежби во Белорусија, кои ќе траат до 1 февруари, соопшти белоруското Министерство за одбрана. Русија испрати свои воени авиони во Белорусија за овие вежби.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img