More

    Бразилска пејачка го блокираше Болсонар на Твитер: „Човеку, најди нешто да направиш“

    spot_img

    Бразилската пејачка Анита го блокираше Жаир Болсонара на Твитер по ироничен коментар на бразилскиот претседател за боите на националното знаме што пејачката ги носеше на музичкиот фестивал Коачела во американската сојузна држава Калифорнија.

    „Ах, човеку, најди си нешто да направиш, оди“, напиша Анита како одговор на твитот на претседателот пред веднаш да го блокира, што ѝ оневозможи да одговори.

    Пејачката, критичар на бразилскиот екстремно десничарски претседател, изјави дека веднаш го блокирала Болсонар за тој „веќе да не може да прави сензации на Интернет“ од неговиот Твитер профил.

    „Знамето на Бразил и неговите бои им припаѓаат на сите Бразилци. Тие го претставуваат цел Бразил. Никој не може да го присвои значењето на боите на знамето на нашата земја“, напиша пејачката на Твитер по нејзиното појавување во боите на знамето – зелена, жолта и сина.

    Болсонаро иронично одговори дека се согласува со Анита додавајќи неколку смајли и знамето на Бразил, што предизвика незадоволство кај пејачката.

    „Сега секој уметник кој го критикува добива потсмев од него. Нашата стратегија мора да биде што помалку да зборуваме за него“, рече пејачката и додаде дека на Бразил му требаат промени, а на прво место промена на власта.

    29-годишната пејачка е многу популарна во Бразил, има 16,7 милиони следбеници на Твитер, 17,9 милиони на Тик Ток и 61,5 милиони на Инстаграм.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img