More

    Блокада на парламентот ќе има, но не само тоа – Ќе гледаме ли и протести и контрапротести на улиците?

    spot_img

    Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва најверојатно ќе донесе одлука партијата да пристапи кон активна блокада на Собранието, со цел постигнување дијалог и предвремени избори.

    „СДСМ се игнорантски поставени кон потребата од дијалог во општеството по однос на сите кризи, кои се резултат на нивното неработење, криминал и неспособност, а кои ја донесоа државата до потреба од задолжување од 900 милиони евра, а граѓаните до сиромаштија, и постигнување на договор за датум за предвремени парламентарни избори“, се вели во соопштението на опозициската партија.
    На тој игнорантски пристап ВМРО-ДПМНЕ ќе одговори во иста мера. Вечерва ИК на ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучува за преземање на активна блокада во собранието, што ќе значи блокада на сите процеси и закони, како во комисиите, така и на пленарните седници.
    Изавршниот комитет на партијата ќе одлучува и за пристап кон целосна амандманска блокада во собранието и филибастеринг, со цел, како што се вели во соопштението, „спречување на едноумието на власта“.

    „Во услови на најголемата криза, кога на граѓаните им треба функционално Собрание кое носи закони во интерес на граѓаните, Христијан Мицкоски решава да да ги засили блокадите. Очигледно решил по деструкција да го надмине и својот шеф и ментор Никола Груевски“, возврати СДСМ.
    ВМРО-ДПМНЕ во Собранието веќе блокира голем број закони од интерес на граѓаните, како што се законот за Клинички центар, законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, законот за службата во Армијата, тврди владејачката партија. Во нејзиното соопштение до јавноста се додава:
    „Ништо друго не се ни очекуваше од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, продолжуваат во ист стил, со иста матрица, со една цел – блокада на државата. Со ваквите постапки Мицкоски не го блокира ниту СДСМ ниту Владата, туку на тој начин ги блокира решенијата за подобар живот за граѓаните. СДСМ останува отворена за сите добронамерни и конструктивни предлози, но ги осудува сите обиди за блокади и вештачки кризи поради лични и партиски интереси, особено во време кога се води борба против последиците од кризата и за заштита на стандардот на граѓаните“.
    СДСМ се закани дека граѓаните нема да дозволат блокадите на Мицкоски и криминалната ВМРО-ДПМНЕ да ѝ наштетат на државата. Што значи ова повикување на граѓаните засега не е јасно. Дали повторно ќе гледаме протести и контрапротести?

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img