More

    Блинкен вели дека Русија не може да ги троши парите заработени од нафтата

    spot_img

    Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Елмау изјави дека санкциите воведени од западните држави кон Русија поради агресијата врз Украина имаат „длабоко влијание“.

    Тој во интервју за американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен за време на Самитот на Г-7 Германија, истакна дека Русија дури и кога има приходи од повисоките цени на нафтата, таа не може да троши пари поради контролата на извозот.

    – Русија не може да го добие она што ѝе потребно за да го модернизира одбранбениот сектор, да ја модернизира својата технологија, да ги модернизира своите енергетски истражувања, што значи дека со текот на времето секоја од овие области ќе бележи пад – посочи Блинкен, коментирајќи ги предвидувањата според кои руската економија следната година ќе се намали до 15 проценти.

    Блинкен потенцира дека Г-7 и НАТО ќе продолжат да прават сè што можат за да се ги обезбедат Украинците со тоа што им е потребно за да се одбранат од руската агресија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img