More

    Битиќи: Новите мерки на владата за ублажување на ценоцвниот шок ќе бидат насочени кон најранливите категории граѓани

    spot_img

    Новите мерки на владата за ублажување на ценоцвниот шок ќе бидат насочени кон најранливите категории граѓани и ќе бидат донесени веднаш по усвојување на ребалансот на буџетот кој е во собраниска процедура.

    Ова го соопшти вицепремеирот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи во гостување во „Утрински брифинг“.

    – Мерките се наочени, кон најранливите категории, притискот е голем, преземаме мерки исто како во пандемијата, првите беа за сите, а потоа за најкритичните граѓани и комапнии – рече Битиќи.

    Тој нагласи дека сите мерки што се преземаат треба да бидат адекватни и возможни во одреден период, секоја мерка може да има последователни негативни ефекти на друга страна.

    – Ние имавме намалување на даночни стапки и за производи и за горива и за енергенси, за енергенсите останаа – рече Битиќи забележувајќи дека за опозицијата ребалансот е задоцнет, но затоа има поднесено 800 амандмани.

    Во врска со наглото зголемување на цените по завршувањето на мерките за основните прехранбени производи, Битиќи рече дека тоа се должело на зголемување на маржите и било неоправдано, вештачко зголемување на цените, но по неговото укажување, цените се вратиле или стагнираат.

    – Во време на криза не можеш да се однесуваш како воен профитер, а знаеме како завршуваат воени профитери. Јас апелирам на моралните вредности на стопанствениците  кои треба да ја имаат предвид општата ситуација, и во пазарна економија мора да има морални и етички норми -рече тој.

    Битиќи нагласи дека задолжувањето вчера падна за 2,2 проценти и им порача да граѓаните дека не треба да се грижат за задолжувањето, додека оди за продуктивни цели и за справување со кризата.

    – Се задолживме за време на пандемијата, но имавме пад на економијата помал за 4,2%. Заради тоа спасивме 60.000 работни места, не е продуктивно само на направиш зграда или пат, продуктивно е да спасиш едно семејство од губење работа. Задолжувањето за да спасиме граѓани од кризата, да обезбедиме енергетнси, електрична и топлинска енергија, да креираме работи места, да продолжиме да инвестираме во инфараструктруа е продуктивно. Нема лавови и други работи, тоа е непродуктивно – рече Битиќи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img