More

    Битиќи вели дека инфлацијата годинава нема да надмине 11 отсто

    spot_img

    „По закон, ЕСМ треба да понуди 60 отсто од потребните количини електрична енергија за ЕВН. Ние како Влада донесовме одлука 100 отсто од електричната енергија за потребата на регулираниот пазар да се обезбеди од домашни извори“.

    Вака изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во „Вин-вин“ на Телма. Тој додаде дека струја од регулираниот пазар добиваат 653 илјади домаќинства, како и околу 70 илјади економски субјекти.

    – Досега сме потрошиле 240 милиони евра за субвенционираната цена на електрична енергија за сите на регулираниот пазар – рече вицепремиерот и додаде дека Владата потпишува рамковни договори со други земји за набавка за суровини за производство на електрична енергија.

    Како што кажа Битиќи, Владата не е обврзана да ги купи тие количини, но доколку нивната цена е под берзанската, тогаш тие ќе може да се понудат на стопанството.

    Тој смета дека доколку се одржиме на проекциите на крај на годината просечната годишна инфлација ќе биде 10 до 11 отсто. Според него, кога е период на криза дури и влегувањето во рецесија не е најстрашното што може да се случи и порача дека е важно да имаат ефект одлуките што ги носат сите чинители.

    – Сме се справиле и со потешки ситуации, ќе се справиме и од излегување од рецесија како земја, а особено сме покажале дека економијата е доволно флексибилна за да се справи со сето тоа ако има добар партнер во Владата, а ние покажавме дека во период на ковид и тоа како има добар партнер. И затоа јас не стравувам многу дали ќе влеземе во рецесија – рече Битиќи, истакнувајќи дека е важно дали даваат одреден ефект одлуките коишто ги носат сега различните чинители.

    Ефектот што сака да се постигне е, како што рече, да го намалиме притисокот за зголемувањето на инфлацијата на ниво на коешто ќе биде неиздржливо.

    – Ние ако се одржиме на проекциите, а мислам дека на крај на годината просекот во цела година ќе биде отприлика 10 до 11 отсто инфлација во една од најтешките години со низа на кризи. Сметам дека тоа е доста добра стапка на инфлација, и да кажеме, разумна за нашата економија за да може да се покрие наредниот период.  Неразумно е сѐ што е над 20 проценти – рече Битиќи.

    Тој се осврна на преговорите за набавка на струја со Бугарија и посочи дека се додека има преговори ние не велиме дека сме се откажале.

    – Всушност, преговорите се отвораат за да преговараш – рече Битиќи.

    Во тој контекст ја нагласи важноста на јавните средства бидејќи, како што посочи, на крајот на денот стопанствениците коишто евентуално би ја добиле електричната енергија со евентуална набавка или договор што ќе би се постигнал со Бугарија и со која било друга земја може утре да излезат и да кажат сега плаќаме, 70, 80 или 100 евра повисока цена отколку што би платиле да почекавте една недела.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img