More

    Беснее пожар на албанскиот остров Сазан

    spot_img

    Беснеат пожари на албанскиот остров Сазан, поранешна воен база на албанската армија, каде постои опасност од екслозија на муниција што се наоѓа во поранешно депо.

    Во гаснењето, освен пожарникарски единици, вклучена е и армијата, но поради високите температури и ветерот, гаснењето од копно е невозможно, па е побарано од надлежните гаснење од воздух.

    „На терен се 61 војник кои заедно со другите структури се обидуваат да ги неутрализираат пламените јазици. Теренот, високите температури и ветерот го отежнуваат тоа. Опасност е и недемонтираната муниција“, соопшти министерството за одбрана.
    Претседателот Илир Мета реагираше во врска со состојбата со пожарите во земјата посебно на островот Сазан, каде може да дојде до катастрофа со несакани последици.

    Тој побара “целосна ангажираност на структурите на локално и централно ниво за брза локализација и што поитно гаснење на пожарите за да се спречи трагедија на животната средина што се случи минатата година кога во земјата беснееја пожари од север до југ”.

    Островот Сазан е најголемиот остров во Албанија и стратешки сместен меѓу Отрантската врата и влезот во Валонскиот Залив формирајќи ја границата меѓу Јадранско и Јонско Море. Од воена база во комунизмот сега е туристичка атракција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img