More

    Белата куќа и ЕУ се згрозени од нападот на поворката на убиената новинарка

    spot_img

    Белата куќа вечера ја опиша како „длабоко вознемирувачка“ снимка од погребот на новинарката на Ал Џезира, Ширин Абу Аклех во Ерусалим, на која се гледа како израелската полиција ги тепа ожалостените во погребната поворка.

    – Сите ги видовме овие сцени, кои се очигледно длабоко вознемирувачки – им рече на новинарите портпаролката на Белата куќа Џен Псаки и изрази жалење поради упадот во погребната поворка, која требаше да помине мирно и да биде посветена на сеќавањето на исклучителната новинарка.

    Европската унија, исто така, го осуди насилството, велејќи дека е „згрозена од сцените“, како и несразмерната употреба на сила и непочитувањето на учесниците на поворката, оценувајќи ја како мирно простување, а не малтретирање и понижување, како и жалење во мир, со израз на минимална човечка почит, објавија израелските медиуми.

     

    Членови на американскиот Конгрес ја критикуваа израелската полиција дека влегла меѓу ожалостените за време на погребот на палестинската убиена новинарка.

    – Грозно е да се гледа – рече демократскиот сенатор Крис Марфи, а сенаторот Крис Ван Холен од истата партија рече дека траумата е додадена на трагедијата и дека оние што ги напаѓаат луѓето кои тагуваат по смртта на новинарката, но и убиецот, мора да одговараат и да бидат изведени пред лицето на правдата.

    – За израелската влада на апартхејдот, животот на Ширин не е важен и дехуманизацијата продолжува по смртта – објави на Твитер американската конгресменка Рашида Тлаиб од Демократската партија, повикувајќи го Стејт департментот да го осуди тоа што се случи.

    Новинарката убиена на Западниот Брег додека известувала за нападот на израелската војска во Џенин е погребана вчера попладне во нејзиниот роден Ерусалим по хаотичната погребна поворка и судирот меѓу полицајците и ожалостените.

    – Сите ја сакаа. Беше искрена и ја раскажа нашата приказна – вели Ариф Хмад, жител на источен Ерусалим.

    Палестинците ракоплескаа околу ковчегот на починатата и фрлаа цветни ливчиња додека ја носеа на гробиштата.

    Израелската полиција се обиде да објасни зошто извршила упад меѓу ожалостените, велејќи дека Палестинците, вклучително и оние што го носеле ковчегот, фрлале камења врз полицајците.
    Објавено е и видео на кое се гледа како се фрлаат камења и полицискиот командант ги предупредува насобраните да го прекинат погребот додека ожалостените продолжуваат да извикуваат националистички и запаливи слогани.

    Сцените на насилство веројатно ќе ја зголемат тагата и гневот низ арапскиот свет поради смртта на новинарката, наведува АП. Очевидци велат дека таа била убиена од израелските сили.

    Израелски функционер изјави дека со семејството на починатата однапред било договорено погребот да се одржи во мир, но дека луѓето масовно се собрале околу погребната кола и ги спречиле да тргнат по договорената рута.

    Братот на убиената изјавил дека првично било планирано ковчегот да се пренесе од болницата до црквата, а по богослужбата да се пренесе ковчегот на гробиштата.

    Веднаш не беше јасно зошто тој план бил сменет и ковчегот бил изваден од болницата во рацете на луѓето.

    – Израелските окупаторски сили ги нападнаа оние кои ја оплакуваа покојната Ширин Абу Аклех, откако упаднаа во француската болница во Ерусалим каде ги претепале носачите на ковчезите – соопшти Ал Џезира, оценувајќи дека се прекршени сите меѓународни норми и права.

    Таа катарска ТВ мрежа најави дека ќе остане посветена на известувањето и дека нема да биде заплашена.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img