More

    Бектеши и Николовски тврдат дека во континуитет се увезува сурово масло

    spot_img

    Министрите за економија и за земјоделство, Крешник Бектеши и Љупчо Николовски денеска соопштија дека снабдувањето со сончоглед е стабилно и дека државата во континуитет увезува сурово масло, потребно за домашните капацитети, но има и зејтин за потрошувачка.

    Како што истакнаа Бектеши и Николовски по посетата на фабриката „Кристал“ во Велес, владините мерки даваат резултати.

    -Почна увозот на рафинирано масло од соседите, но се увезува и од други држави со оглед дека ја укинавме царинската стапка од 29 отсто – истакна Бектеши.

    Се работи, секако, нагласи, и на дополнителни мерки за поголемо производство на сончоглед.

    – Ја следиме ситуацијата на дневна основа и заеднички со МЗШВ ги носиме одлуките – подвлече министерот за економија.

    Според министерот Николовски, и очекувањата на менаџменот на „Кристал“ се дека годинава двојно ќе се зголемат површините под сочоглед, а со тоа и количините на суровина за масло за јадење.

    Тој повтори дека Владата вчера распиша оглас за доделување 5 .722 хектара за одгледување стратешки култури, меѓу кои и сончогледот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img