More

    Ахмети вели дека никој не го видел да плаче

    spot_img

    Пред неколку дена првиот вицепремиер и функционер на ДУИ, Артан Груби објави видео од лидерот Али Ахмети, како видно расположен пее со цигара в рака шетајќи во својот кабинет.

    Ахмети синоќа по лидерската средба во Тирана, на прашањето дали неговото видео е злоупотребено, одговори:

    – Доброто е што никогаш ме немате видено да плачам, туку само да пеам и во униформа – рече Ахмети, објави ТВ 21.

    Пораките проследени со песни преку видеа не завршуваат со песната што ја пееше Ахмети во неговиот кабинет. Артан Груби денеска на „ТикТок“ сподели снимки од вчерашната прошетка во Тирана со првиот човек на интегративците, одејќи на средбата на албанските лидери, а во позадина на видеото, Груби ја  поставил  песната „Гиганти“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img