More

    Анџело Ѓорѓиевски и Клементина Левковска се осудени на 18 години затвор, а Андреј Костовски на 16 години затвор за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот

    spot_img

    Анџело Ѓорѓиевски и Клементина Левковска се осудени на 18 години затвор, а Андреј Костовски на 16 години затвор за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот пред скопската дискотека „Привилиџ“ во април годинава.

    Обвинетите треба солидарно на мајката и на таткото на Тот да им исплатат отштета по 9 милиони денари, а на неговиот брат 8 милиони денари, како и да ги платат трошоците на нивниот адвокат. Рокот за исплатата на отштетата е 6 месеци од денот на пресудата.

    Судот им дозволи на обвинетите да се изјаснат за предлогот за продолжување на мерката притвор.

    Обвинетиот Ѓорѓиевски рече дека никогаш не сакал да бега од полицијата, туку дека тоа го сторил оти бил изгубен од целата ситуација.

    – Ако сакав да бегам, сега немаше да бидам овде. Јас самиот се пријавив во полиција откако сфатив дека мене ме бараат – рече Анџело.

    И Клементина побара поблага казна, зашто како што рече, била малолетна кога се случил инцидентот и дека вчера во затворот наполнила 19 години. Нејзиниот адвокат и адвокатот на Андреј побараа за нив домашен притвор. Судот се повлече за да ги разгледа овие барања на осудените и најави дека по паузата ќе се произнесе.

    Судскиот процес го води судијката Елена Илиевска Јосифови.

    Во овој процес, Основното јавно обвинителство – Скопје ги гони обвинетите за кривично дело „убиство” од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Согласно обвинителниот акт, обвинетите се товарат дека на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот.

    Во текот на доказната постапка, обвинетите, најпрво, изјавија дека не се чувствуваат виновни.

    Обвинителството потоа изведе докази кои се однесуваа на обвинителниот акт. Се изведоа материјални докази помеѓу кои беа и видео-снимката од конкретниот настан, сведоштва на очевидци на настанот како и вешти лица од областа на судската медицина и психијатријата.

    Одбраната во текот на доказната постапка, преку изведените докази и изјави за медиуми, алудираше на преквалификација на делото, бидејќи, според нив, во кривичното дело „убиство” за кое се обвинети обвинетите, недостасува умислата. Тие, исто така, испрашуваа очевидци на настанот, како и вешти лица од областа на психијатријата и психологијата, а на нивен предлог сведочеа и лекарите кои го лекувале оштетениот Денис Тот по приемот на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување.

    По завршувањето на доказната постапка, обвинителката Тања Трајчевска побара осудителна, додека, одбраната и обвинетите, ослободителна пресуда.

    Пресудата на првостепениот суд не е правосилна и странките имаат право на жалба во рок од 15 дена до Апелацискиот суд Скопје.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img