More

    Антибродскиот систем Бастион промовиран на далечниот Исток (ВИДЕО)

    spot_img

    Русите се пофалија со виде од нивниот противбродски ракетен систем Бастион кој во воена вежба во рамките на „Восток 2022“ на Камчатка беше испробан на островот Матуа на далечниот исток, соопшти Министерството за одбрана. Матуа е дел од неколку острови од т.н. Курилски архипелаг кој долго време беше центар на територијалниот спор со Јапонија, јавува РТ. Во вежбите на Русија, учествуваат и војници од Кина и од Индија.

     

    Островите се протегаат од Камчатка до јапонскиот остров Хокаидо. Минатиот декември, руското Министерство за одбрана објави дека ја зајакнува противбродската одбрана во областа со лансери Бастион стационирани на Матуа. Тренинг вежбата во вторникот беше првпат тие официјално да бидат користени.

    Според руското Министерство за одбрана, фрлачите биле преместени на позиции за напад за да пукаат врз симулиран странски воен брод кој ги нарушил руските територијални води во обид да слета војници на еден од Курилските острови. Откако бродот влегол „во критичен опсег“, тој бил погоден со ракета Оникс, која ја носат фрлачите на Бастион.

    Јапонија ги оспорува руските територијални претензии кон четирите Курилски острови кои се наоѓаат најблиску до нејзината територија. Спорот, кој произлегува од Втората светска војна, е причината поради која Русија и Јапонија никогаш не потпишаа мировен договор. Москва претходно ја отфрли можноста за отстапување на островите на Јапонија, а едно од размислувањата е дека Токио би можел да ги милитаризира.

     

    Долготрајната дипломатска расправија беше влошена годинава откако Јапонија им се придружи на САД во воведувањето антируски санкции поради нејзината операција во Украина.

    Неделава, Москва се откажа од договорот од 1999 година со Токио, кој им дозволуваше на јапонските граѓани да посетат два од спорните острови по поедноставена процедура. Руското Министерство за надворешни работи исто така извести за целосно прекинување на разговорите за статусот на островите и за проектите за нивен економски развој заедно со Јапонија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img