More

    Ангажирање на едукатор за биолошка разновидност во заштитени подрачја

    spot_img

    Согласно Договор за грант бр. 09-2201/1 од 21.12.2020 год., склучен помеѓу:

    • Фондот за природа „Преспа – Охрид“ („ПОНТ“), фондација (Стифтунг) основана според законите на Хесен, Германија; и
    • Општината Ресен, како управувач со Споменикот на природата „Преспанско Езеро“ и Паркот на природата „Езерани“,

    и согласно активностите и мерките во тој Договор, Општина Ресен објавува повик за ангажирање на едно лице:

    1. Едукатор за биолошка разновидност во заштитени подрачја

    кое ќе биде со договор преку Агенција за вработување за 3 месеци 2022 год. (со можност за продолжување на договорот, зависно од покажаните резултати).

    Ангажираното лице ќе има работно време од 40 часа неделно, од 8 до 16 часот според Законот за работни односи. Работата ќе се извршува во просториите на општина Ресен во Ресен, Мониторинг Станицата за Преспанско Езеро во Стење и во ПП Езерани и во посета на училиштата и градинките во општината. Месечниот надомест согласно потпишаниот Договор ќе изнесува 23500 ден. личен нето доход.

    Избраното лице  – Едукатор за биолошка разновидност во заштитени подрачја ќе биде ангажирано за извршување на следните работни задачи:

    1. Едукативи работни задачи:

    – Едукација на најмалата популација (посета и обука на деца во трите градинки во Општина Ресен) преку одржување на игри за богатството на Преспанскиот регион.

    – Едукација и подигнување на јавната свест на ученици (5 основни и 1 средно училиште) со одржување на презентации на различни теми за биодиверзитет, процеси кои настануваат во екосистемите, со акцент на заштитените подрачја кои се во рамките на Општина Ресен

    – Едукација, промовирање и запознавање на учениците со работата на Мониторинг станицата во Стење

    –  Едукација, промовирање и запознавање на учениците со заштитеното подрачје ПП Езерани

    1. Работа и учество во активностите со невладини организации

    –  Придонес во работата со МЕД

    – Придонес и учество во активностите со невладини организации

    1. Административни задачи поврзани со управувањето на Споменикот на природата „Преспанско Езеро“ и Паркот на природа „Езерани“:

    – Придонес во подготовка на оперативни планови

    – Придонес во подготовка на потребни апликациии и барања

    – Придонес во подготовка на извештаи за спроведување на тековниот грант од ПОНТ

    Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните квалификации:

    • висока стручна спрема од областа на биологија, екологија, биотехнологија, биотехника со 240 EKTC;
    • познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
    • одлична усна и писмена комуникација;
    • учество во минимум три (3) проекти поврзани со деца и млади, како и заштита на животна средина.

    Заинтересираните кандидати, до Општина Ресен, треба да поднесат:

    • Писмо за мотивација
    • Диплома за соодветно завршено образование,
    • Потврди за учество во проекти, и
    • CV.

    Дополнителните документи согласно законската регулатива ќе се достават по извршувањето на изборот на кандидатите.

    Документите да се достават до Општина Ресен (Архива на Општина Ресен) или на адреса Плоштад Цар Самоил број 20 Ресен, со назнака за Објава од Сектор за животна средина, најкасно до 28.02.2022 год до 9 часот.

    Сите апликации ќе бидат внимателно разгледани од страна на независна и стручна комисија формирана од страна на Градоначалникот на Општина Ресен. Подобните кандидати ќе бидат поканети на интервју кое ќе се одржи во просториите на општина Ресен на 28.02.2022 во 10 часот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img