More

    Американскиот центар за контрола на болести ја укина препораката да не се патува во Србија

    spot_img

    Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) во понеделникот соопшти дека околу 90 странски дестинации ја укинале препораката да не се патува во тие земји поради Ковид 19. Меѓу земјите и регионите кои се префрлени од највисокиот четврти на трет ризик) , се и Србија и Црна Гора.

    На невакцинираните граѓани и натаму им се советува да не патуваат во земји од трето ниво.

    „Ако имате ослабен имунолошки систем или сте изложени на зголемен ризик од сериозна болест, дури и ако сте биле вакцинирани против Ковид 19, разговарајте со вашиот лекар за ризиците и размислете да го одложите патувањето до оваа дестинација. „Дури и да сте вакцинирани, сепак може да бидете во опасност да се заразите и да го пренесете Ковид 19“, стои меѓу другото во препораките за Србија и Црна Гора, пренесува Гласот на Америка.

    Меѓу земјите за кои е укинато предупредувањето да не се патува се Велика Британија, Франција, Израел, Турција, Австралија, Грција, Хонг Конг, Италија, Јапонија, Јужна Кореја, Шпанија и Русија.

    Здравствените власти на САД минатата недела соопштија дека ќе ги разгледаат препораките за патување и ќе издадат предупредување од највисоко, четврто ниво „во посебни околности, како што е брзиот раст на случаите или екстремно високиот број на заразени“. Во моментов, ниту една земја не е на четвртото ниво на листата на ЦДЦ.

    Стејт департментот минатата недела соопшти дека исто така значително ќе го намали бројот на предупредувања да не се патува во одредени земји. Од 215 земји и територии за кои се издаваат препораки, речиси 120 во моментов се на највисокото, четврто ниво на листата на Стејт департментот, вклучувајќи го најголемиот дел од Европа, вклучувајќи ги Србија и Црна Гора, Јапонија, Израел и Русија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img